Корнер-дерби: Арсенал до џиновски триумф над Челси

Арсенал повторно успеа да врзе две победи и да ја задржи предноста во однос на Манчестер Сити (плус пет и меч повеќе) откако „топчиите“ го добија денешното дерби со Челси со 2-1. Интересно е што трите погодоци беа постигнати по корнери, два од нив во мрежата на „сините“ што беше сосема доволно за избраниците на Артета да стигнат до посакуваниот цел плен.

Салиба беше стрелец на водечкиот гол, откако по корнерот на Сака топката беше на вториот дирек, Габриел ја врати кон средината, а Французинот немаше тешка задача од близина да ја смести во мрежата.

Челси тргна во офанзива да израмни, успевајќи во тоа пред самиот крај на полувремето, откако по корнерот на Џејмс топката во сопствената мрежа ја смести Хианчипе.

Двата тима имаа свои полушанси, но лондонското дерби беше решено по уште еден корнер, овојпат Тимбер се најде на вистинското место и ја смести топката во мрежата, на огромна радост на Микел Артета и на домашните фанови на „Емирати“ стадионот.

За одбележување е дека Челси заврши уште еден меч со фудбалер помалку, откако црвен картон (по два жолти) доби Нето.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...