Бетис и Севилја ремизираа 2-2 во големото градско дерби одиграно вечерва, исход од кој далеку поразочарани ќе бидат домашните фудбалери.
Имено, дуелот почна одлично за Бетис, откако Антони блесна во сиот свој сјај и со ножички го доведе домашниот тим во водство во 16. минута. Кога Фидалго погоди за 2-0 во 37. минута се чинеше дека домаќинот ќе се радува на трите бода, но фудбалерите на Севилја имаа поинакви планови.
Санчез стрелаше прецизно за 2-1 во 62. минута од овој интересен натпревар, а огромна радост на гостинските навивачи им донесе „резервистот“ Ромеро, кој го постигна победничкиот погодок на пет минути до крајот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

