Маџари успеа да договори уште еден трансфер со која најпријатното изненадување во досегашниот дел од сезоната дополнително добива на квалитет во пресрет на клучните битки.
Србинот Јован Савиќ е ново име во тимот на тренерот Тодоровиќ, откако овој кошаркар го стави потписот на договорот со Маџари, со важност до крајот на сезонава. Савиќ ќе ги покрие позициите четири и пет во тимот на Маџари и се очекува да биде од голема помош во борбата под обрачите, каде оваа екипа беше „најтенка“ во досегашниот дел од сезоната.
Савиќ настапуваше во универзитетската лига во САД додека студираше во оваа земја, а по враќањето во татковината ги бранеше боите на Слога Краљево и на босанскиот прволигаш Спарс.
Тој го мина досегашниот дел од сезонава во тимот на Џокер од Сомбор, каде имаше просек од 8,5 поени и 5, скокови по натпревар. Се очекува Савиќ да дебитира за Маџари на следниот меч од Супер-лигата во кој скопскиот тим ќе го пречека Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

