Куманово до важни бодови за опстанок

Ракометарите на Куманово со моќно издание и убедлива победа од 30-20 над Струга направија значаен чекор кон обезбедување на опстанок во елитното македонско ракометно друштво.

Радовиш е веќе испаднат, а токму овие два тима ќе водат битка за избегнување на претпоследното место кое значи бараж за опстанок. Сепак, кумановци со денешната игра покажаа дека се доминантни во однос на Струга, не дозволувајќи победата во ниту еден момент да биде доведена во прашање.

Гостите парираа само до 8-8, но Куманово го заврши полувремето со пет гола во низа и на одмор се замина со 13-8. Тоа беше најава за уште пофуриозна игра на домашниот тим во вториот дел во кој предноста беше двојно зголемена, па кумановци го добија овој важен меч со двоцифрена разлика.

Се вчитува...