Комбинизонот на најубавата олимпијка продаден за рекордна сума

Јута Лердам ги собра симпатиите на ЗОИ 2026 откако холандската репрезентативка во брзо лизгање импресионираше со настапите на ледот, но и со својата убавина.

Особено импресивен делуваше нејзиниот потег по првото освоено злато, кога при прославата го откопчка комбинизонот од брендот „Фила“ (спонзор на репрезентацијата) за под него да се види дел од опремата од нејзиниот личен спонзор „Најк“.

Сликата веднаш го обиколи светот, а Лердам неколку дена подоцна обелодени дека комбинизонот по завршувањето на ЗОИ ќе биде продаден на аукција, а целата сума ќе биде дадена во хуманитарни цели.

Се знаеше дека сумата ќе биде огромна, но ниту најголемите оптимисти не се надеваа на она што се случи – анонимен купец плати 195.000 евра за да го добие овој дел од опремата на најубавата олимпијка од Милано и Кортина.

Се вчитува...