Денвер нагетс се најде во незгодна ситуација во важен дел од сезоната, откако загуби на домашен терен од Минесота со 108-117 и веќе не се наоѓа меѓу Топ 4 екипите во Западната конференција. Јокиќ и Мареј повторно немаа соодветна помош од соиграчите, што беше главна причина за да се забележи третиот пораз на последните четири средби.
Јокиќ издоминира против Гобер со 35 поени, 13 скокови и 9 асистенции, Мареј имаше 25 поени за Денвер, но и тоа беше недоволно. Колективната игра беше заштитен знак во овој триумф на Минесота, при што најефикасни беа Едвардс со 21 и Мекданиелс со 20 поени.
ЛА Лејкерс влегоа во победнички ритма откако утрово рутински го совладаа тимот на Сакраменто со 128-104. Очекувано, во главна улога повторно беше Лука Дончиќ со 28 поени и 9 асистенции, додека Леброн Џејмс беше втор стрелец со 24 пеони зад своето име.
Оклахома Сити се уште е тим со најдобар скор во лигата откако славеше со 87–100 на гостувањето во Далас, додека Бостон беше подобар од Филаделфија со 114-98 во најинтересната пресметка меѓу ривали од Источната конференција.
Резултати НБА:
Атланта – Портланд 135-101, ЛА Лејкерс – Сакраменто 128-104, Орландо – Детроит 92-106, Бостон – Филаделфија 114-98, Далас – Оклахома Сити 87-100, ЛА Клиперс – Њу Орлеанс 137-117, Денвер – Минесота 108-117, Индијана – Мемфис 106-125.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

