Дончиќ полуде од среќа… кога го виде Ѓоковиќ во салата

Лука Дончиќ блескаше во дресот на ЛА Лејкерс во убедливата победа над Сакраменто, а мотив плус за Словенецот беше што во првите редови од трибините забележа добро позната „фаца“.

Новак Ѓоковиќ дојде во САД за претстојниот турнир во Индијан Велс, а српскиот тенисер искористи дел од времето за да проследи и меч во НБА-лигата, токму на Ел-еј лејкерс.

Дончиќ не го криеше воодушевувањето што повторно го виде спортскиот великан во живо, со кого си размени по неколку реченици пред да почне мечот.

„Мислам, особено кога зборуваме за Новак… За мене тој е најголемиот на сите времиња. Тоа што беше овде и што ме гледаше… чувството кај мене беше неверојатно. Разговаравме, најверојатно ќе се видиме подоцна и искрено сум многу возбуден што дојде и што имав можност за муабет со него“, расположено изјави Дончиќ на прес-конференцијата по мечот.

Се вчитува...