Артета: Фала ти, Раја… срцето за момент ми застана

Микел Артета не го криеше задоволството откако Арсенал славеше на градското дерби со Челси, со што „топчиите“ ја задржаа предноста што ја имаат во однос на Манчестер Сити во трката за титулата.

Салиба и Тимбер ги постигнаа головите за победа, но Артета по мечот главната благодарност му ја упати на голманот Давид Раја, за наверојатната интервенција во судиското продолжение кога по центаршутот на Гарначо топката не закачи никого и одеше кон мрежата, пред Раја со фантастична интервенција да спречи реми.

„Искрено, фала ти Давид Раја… имав перфектен агол за ситуацијата и да ви кажам искрено, срцето за момент ми застана. Гледав како топката оди од Гарначо и се движи кон нашата мрежа, се чинеше дека ќе е 2-2, а тогаш Раја успеа да ја одбрани. Тој само уште еднаш покажа дека е врвен голман, фокусиран од првата д последната минута и ние сме пресреќни што го имаме во нашиот тим“, прокоментира Микел Артета.

Се вчитува...