Во просториите на Спортската Сала во Куманово викендов се одржа годинешното собрание на ОФС Куманово каде присуствуваше и Стојче Атанасовски шефот на кабинетот на претседателот на ФФМ. Претседателот на ОФС Куманово Александар Маневски ги поздрави присутните и го презентираше извештајот за работа ОФС Куманово за 2025 година .
Од позначајните точки што беа усвоени на собранието се: Финансискиот извештај за работата на ОФС Куманово и усвојувањето на завршната сметка за 2025 година, верификацијата на мандатот за делегат на Еркан Јусуф во Собранието на ФФМ на местото на Борче Лазаревски кој стана член на Управниот одбор н ФФМ, приемот на нови членки на ОФС Куманово фудбалските клубови на ФК Лирија, ФК Прогон и ФК Ромали. На собранието од 35 делегати присуствуваа 27.
„Година дена скоро помина од моето назначување како прв човек на ОФС Куманово и сум задоволен од тоа што го планиравме успеавме во овој временски интервал да го реализираме. Оваа прилика уште еднаш ја користам да се заблагодарам на првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија господинот Макар Омерагиќ кој ми ја даде довербата и верува во работата на мене и мојот тим“, истакна на крајот од Собранието првиот човек на ОФС Куманово Александар Маневски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

