Двократниот европски шампион Вардар утре на домашен терен ја пречекува Бенфика во клучниот натпревар за освојување на второто место во главната групна фаза во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
Тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ говореше за тоа што го очекува неговиот тим утре.
„Две работи се во игра. Се надевам дека ќе ја наполниме салата и ќе имаме убава вечер и дека ќе запишеме победа со која би исполниле главна цел поминување на главна фаза. Втората работа е по поразот против Бенфика мораме да се реваншираме и да го покажеме нашето право лице. Мислам дека треба да имаме поголема мотивација за овој меч бидејќи Бенфика е еден од ретки тимови кој што не победи годинава”, изјави Чупиќ.
Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

