Митровиќ: Утре ќе дадеме се од себе за да и се реваншираме на Бенфика

Двократниот европски шампион Вардар утре на домашен терен ја пречекува Бенфика во клучниот натпревар за освојување на второто место во главната групна фаза во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.

Пред утрешниот натпревар на официјалната прес-конференција говореше и Урош Митровиќ кој даде свое мислење за утрешниот меч…

„Ни останаа должни по првиот меч и тоа ќе го покажеме утре. Утре ќе дадеме се од себе на теренот едни за други и за навивачите кои ќе не бодрат во салата”, изјави Митровиќ.

Натпреварот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е закажан во 20.45 часот.

Се вчитува...