Петар Баснарков во стручниот штаб на Миленкоски во репрезентацијата

Еден од најдобрите македонски тренери за физичка подготовка на спортистите, Петар Баснарков ќе биде нов кондициски тренер на машкиот сениорски национален тим.

Баснарков ќе се приклучи на стручниот штаб на селекторот Јошко Миленкоски во мај кога репрезентацијата ќе ги стартува подготовките за учеството во Европската лига 2026.

Баснарков претходно беше долгогодишен тренер за физичка подготовка на ракометните национални селекции како во младинска, така и во сениорска конкуренција, а работеше и како кондициски тренер во РК Алкалоид, односно во македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје.

Се вчитува...