Италијанската скијачка Федерика Брињоне одлучи да ја заврши оваа сезона предвреме, откако освои златни медали во велеслалом и супервелеслалом на неодамнешните Зимски олимписки игри на домашен терен во Кортина д’Ампецо.
Откако минатата сезона го освои Големиот кристален глобус за победничката на Светскиот куп по втор пат во кариерата, 35-годишната Брињоне заработи сериозна повреда на вкрстените лигаменти на коленото за време на италијанското првенство, а нејзиното учество на Зимските олимписки игри беше дури и доведено во прашање. Таа успеа да се опорави на време и чудесно освои два златни медали.
„Мислам дека побарав многу од моето тело во последните неколку месеци. Од првиот ден по повредата, мојата единствена цел беше да настапам на Игрите во Кортина. Затоа ќе направам кратка пауза, а потоа ќе продолжам со рехабилитацијата што досега беше принудена за да можам да настапам“, објави Брињоне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

