Ѕвездата на Наполи, Кевин де Брујне, конечно ќе ги продолжи тренинзите со првиот тим во вторник, откако ги пропушти последните четири месеци поради повреда. Поранешниот плејмејкер на Манчестер Сити одигра само осум натпревари во Серија А од почетокот на сезоната, пред да се повреди на бутот на 25 октомври. Тоа се случи за време на изведувањето на пенал во победата на Наполи од 3-1 над Интер.
Кинењето на мускулот на десната нога се покажа како сериозно и Белгиецот мораше да се подложи на операција. Де Брујне ги помина поголемиот дел од последните четири месеци во својата татковина, враќајќи се во Италија минатата недела. Според „Газета дело Спорт“, тој треба да продолжи со тренинзите со своите соиграчи денес, 128 дена откако ја претрпе повредата. Дури се очекува Антонио Конте да го вклучи во составот за натпреварот со Торино во петок.
Скот Мектоминај и Андре-Френк Замбо Ангиса исто така треба да продолжат со тренинзите во секој момент .
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

