На прес-конференцијата по првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите, Жозе Мурињо го обвини Винисиус дека со своето однесување ги провоцира навредите што ги добива.
Малку подоцна, кога Реал дефинитивно ја елиминираше Бенфика, тој ја смени плочата. Жозе Мурињо изјави дека Џанлука Престијани ќе ја заврши кариерата во клубот ако се докаже дека расистички го навредил Бразилецот покривајќи ги усните со дресот.
УЕФА спроведува истрага против Аргентинецот, кој веќе го пропушти реваншот во Мадрид поради тоа, бидејќи жалбата на Бенфика против суспензијата беше одбиена. Фудбалерот ги негира обвинувањата, но во случај на вина, се соочува со долга казна.
„Ако мојот играч не ги почитувал принципите што се мои и на Бенфика, тогаш неговата кариера со тренер наречен Жозе Мурињо и во клуб наречен Бенфика е завршена“, рече Мурињо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

