Кошаркарската репрезентација на Македонија на полувреме на гостувањето кај Азербејџан има негатива од 44-37 во 4. коло од претквалификациите за Евробаскет 2029 година. Да биде срамот уште поголем Азербејџанците вечерва за едно полувреме постигнаа 44 скоро колку поените кои ги дадоа за цел меч во Куманово (87-49).
Домаќините на овој натпревар подобро отворија и по три мунити игра стигнаа до плус осум 10-2. Како одминуваше првиот период нашите кошаркари играа се подбро па на четири минути до крајот на воведната четвртина стигнаа на само еден поен негатива 16-15. Сепак, следуваше нов голем пад, посбено во играта на одбрана, па Азербејџанците го завршија првиот перидод со позитива од 28-19.
Катастрофалната игра на нашиот национален тим продолжи и во вториот период. Едноставно не можевме да погодиме од ниту една позиција, а Азербејџанците го полнеа нашиот кош, па во 14. минута стигнаа и до највисоки во тој момент 36-21. Да биде поголем проблемот најискусниот во тимот Војдан Стојановски се пожали на болка во задната ложа и не се ни врати до крајот на полувремето во игра. Домаќините имаа и плус осумнаесет 43-25, но нашите играчи некако успеаја до паузата меѓу двете полувремиња да ја намалат негативата на пристојни 44-37.
Андреј Јакимовски со девет поени е прво име во нашиот табор, додека во домашниот табор Весли ван Бек има 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

