Ѓорѓиев не успеа до трофејот во финалето на Купот на Чешка

Капитенот на машката сениорска репрезентација Никола Ѓоргиев и неговиот тим Карловарско играа во финалето на фајнал-фор турнирот од Чешкиот куп, кој викендов се играше во Чешке Будејовице. Екипата на Ѓоргиев загуби со 1-3 (24-26, 23-25, 25-15, 17-25) од бранителот на титулата Прага.

За клубот од Карлови Вари ова беше седмо куп-финале во кое не успеја да го освои првиот трофеј и покрај тоа што особено во првите два сета играше рамноправно.

Ѓоргиев во финалето доби шанса само во вториот сет, но не реализираше.

Коректорот, затоа, одигра клучна улога во полуфиналниот натпревар со АЕРО Одолена Вода, кога Карловарско славеше со 3-1 (25-19, 25-22, 13-25, 26-24). Ѓоргиев го одигра комплетниот полуфинален дуел и беше прв поентер со 17 поени (сите од напад) предводејќи го својот тим кон финалето.

Следниот предизвик кон кој се насочува нашиот интернационалец е првенствениот плеј-оф.

Се вчитува...