Андреа Тринкиери има нов ангажман

Италијанскиот кошаркарски стратег, Андреа Тринкиери, стана нов шеф на стручниот штаб на ПАОК од Солун.

Сепак, Андреа Тринкиери нема веднаш да стане тренер на ПАОК. Тој седнува на клупата штом ќе заврши тековната сезона, а потоа има договор со црно-белите од Солун за следните три сезони.

Словенецот Јуре Здовц беше отпуштен, а раководството на ПАОК сака тренер кој може да го подигне тимот на повисоко ниво и да го врати на врвот. Затоа Тринкиери беше првата опција.

До крајот на сезоната, ПАОК ќе го води Пантелис Буцкос, кој е во ПАОК веќе долги години.

Се вчитува...