Кошаркарите на Денвер нагетс некако успеаја да слават на гостувањето кај аутсајдерот Јута џез со 128-125.
Никола Јокиќ и Џамал Мареј ги водеа Нагетс до победа. Канадскиот бек шутер одигра одличен меч завршувајќи го со 45 поени, додека Јокиќ мечот го заврши со 22 поени и 12 скока. Кај поразените недоволни беа 36 поени на Кејонте Џоунс.
Во останатите мечеви од синоќешната понуда: Вашингтон – Хјустон 118-123, Милвоки – Бостон 81-108 и Голден стејт – ЛА Клиперс 101-114.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

