Кошаркарската репрезентација на Македонија стигна и до четвртата победа во исто толку натпревари во претквалификациите за пласман на ЕП 2029 година откако вечерва потешко од очекуваното славеше на гостувањето кај аутсајдерот Азербејџан со 70-78.
Иако во еден момент во првиот дел нашите кошаркари имаа негатива од 18 поени, сепак со стрплива и мирна игра на крајот успеаја да се радуваат и на четвртата победа во овие претквалификации.
Aндреј Магдевски по мечот одигран вчера објасни каде беше клучот на победата на Македонија.
„Лошо го отворивме натпреварот. Му дозволивме на противникот да постигне многу лесни поени и да разиграат, особено нивниот најдобар играч. Се се смени кога ја променивме нашата одбрана, почнавме да преземаме и успеавме да го „смириме“. Во нападот повеќе ја движевме топката, се боревме за секоја педа на теренот, и сметам дека заслужено победивме на крајот. Оваа победа ќе ни ја крене самодовербата, не само пред завршните дуели од овие претквалификации, туку и во иднина, кога не очекуваат уште потешки натпревари“, рече Магдевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

