Двократниот европски шампион Вардар стигна до голема победа на домашен терен против Бенфика од 33-27 во натпревар од третото коло од главната рунда во второто по ранг натпреварување на стариот континент, Лигата на Европа.
По синоќешниот меч свое видување даде и пикерот Милан Лазаревски…
„Сакам да се заблагодарам на целата публика и голема е разликата кога играме со ваква поддршка и без неа. Иако ми е мило што победивме има многу работи кои што мораме да ги поправиме. Имаме многу осцилации во тек на меч кои мораме да ги поправиме. Голманите се секогаш наша поддршка и наша задача е да им помагаме. Нашата одбрана беше на ниво и не понесува моментот, но во таа брза игра мораме да поправиме некои сегменти. Сепак, станува за целосно нов тим и нови играчи со кои треба да се навикнуваме и ние и они. Не оди тоа преку ноќ, но сметам дека сме во пораст и се движиме во нагорна линија“, изјави Лазаревски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

