ВЛАДО ИЛИЕВСКИ за тројката во Литванија и легендарното ‘ЛЕЛЕ ЛУЃЕ ШТО НАПРАВИВМЕ’: „Тие зборови некако си се наместија на вистинското место – како симбол на македонски успех!“ (ВИДЕО)

Во најновата епизода на спортскиот подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК гостуваше едно од најголемото имиња на македонскиот спорт во историјата, Владо Илиевски, сега главен менаџер во Кошаркарската федерација на Македонија за сите национални селекции.

Меѓу бројните теми на кои се разговараше, Илиевски, сосема очекувано се осврна и на најголемиот успех на Македонија во историјата на екипните спортови – четвртото место од ЕП 2011 во Литванија. Токму Влатко Илиевски беше херојот на Македонија со одлучувачката тројка за победа над домаќинот Литванија во четвртфиналето на шампионатот и пласманот во полуфиналето.

А, она „Леле луѓе што направивме“ на Влатко Илиевски, веднаш по мечот, засекогаш ќе остане запишано како симболика за еден огромен македонски спортски успех!

„Точно е дека на крај некако не ми се веруваше што направивме, колку и да претходно верувавме во нашиот квалитет како тим и момци. Но, кога успехот стана реалнст, некако, не удри во глава“ – се потсетува Илиевски на тие моменти од Литванија, и дополнува:

„Навистина успеавме една кошаркарска велесила како Литванија да ја елиминираме на нивни терен. Тие беа проектирани како освојувачи на сигурно една од медалите. Но, ете… А, оние зборови ‘Леле луѓе што направивме’ го одразуваат само тој голем момент за нас. Така да, си легнаа зборовите на вистинско место!“

А, кога ќе се потсетиме, Илиевски од медиумите и пооделни кошаркарски работници низ тие години беше напаѓан, со постојани приказни за неиграњето во националниот тим, иако се знаеше дека неколку години се мачи и со повредите…. И, одеднаш, стана херој на нацијата по Литванија!

„Пак ќе се навратам, затоа што никогаш не било прашањето дали Владо Илиевски сака да игра за Македонија, а уште помалку прашањето дали Владо Илиевски ја сака Македонија“.

А те погодуваше ли сè тоа тогаш, и тие пишувања….!?

„Како не, како не! Ама мислам дека имаше право кога кажа: „Се прави некоја лажна слика во јавноста”, и повеќе пати сум се јавил на луѓе и сум прашувал: „Зошто е ова напишано вака кога ти ја знаеш целосната вистина?“ … И секогаш одговорот е: „Ама, знаеш…“. И сум се борел со тоа, самиот со таа ситуација. И сум верувал секогаш дека невистините ќе излезат на видело, и ќе си дојде сè на свое место“ – вели Влатко Илиевски.

И си дојде се на свое место!

=================================================
ЦЕЛИОТ СПОРТСКИ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ СО ВЛАДО ИЛИЕВСКИ ГЛЕДАЈТЕ ГО ТУКА…

Се вчитува...