Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер, во изјава за американските медиуми зборуваше за повредата на Кристапс Порзингис, кој одигра само еден натпревар за Голден Стејт Вориорс, откако дојде од Атланта, поради здравствени проблеми.
Не е познато со што се бори летонскиот центар….
„Мистериозно е… Малку е чудно… Работиме на тоа и се надеваме дека наскоро ќе имаме повеќе информации и дека ќе оздрави и ќе продолжи да се справува добро. Целиот наш медицински тим работи на тоа и работат напорно, па нема да шпекулирам во моментов“, рече Кер.
Кога беше прашан дали разговарал со Кристапс, тој одговори:
„Двајцата разговараме, засега сè е одлично и тој едвај чека да добие одговори и повторно да игра и ние го поддржуваме, целосно“, рече тренерот на Вориорс.
Оваа сезона, тој има 16,8 поени со 5 скока и 2,6 асистенции во 18 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

