ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Тиквеш го „торпедира“ Арсими во Гостивар, „лавовите“ водат со Работнички

Тиквеш е пред победа во 21. коло од Првата македонска фудбалска лига, обезбедувајќи огромна предност од 0-3 на полувремето од гостувањето против Арсими во Гостивар.

Кавадарчани до предноста дојдоа со головите на Стојанов во 4. минута , Муса Гуел во 9. минута и Луциано во 35. минута од првиот дел.

На вториот денешен натпревар, по првите 45 минути, Македонија ЃП има предност од 2-1, против Работнички, и покрај тоа што гостите први поведоа.

Се вчитува...