Тотенхем и се е можно: Само што дојде, Тудор е пред отказ?!

Тотенхем веќе подолго време е познат како клуб чија управата носи чудни одлуки, па затоа и не се преголемо изненадување најавите дека „спарси“ би можеле да го отпуштат Игор Тудор – за помалку од еден месец откако го донесоа хрватскиот стратег.

Тудор требаше да биде спасител откако му беше врачен отказ на Томас Франк, но не само што тимот продолжи со серијата порази, туку и игра се послабо на секој нареден натпревар. „Спарси“ имаат само четири бода повеќе од Вест Хем на 17. позиција, што е последно над линијата која значи опстанок во елитното друштво, a јасно е дека доколку кризата продолжи – преселбата во понизок ранг на натпреварување ќе биде сериозна опасност.

Токму поради тоа петочниот дуел на домашен терен со Кристал Палас е најавуван како „да се биде или не“ за Тудор, бидејќи евентуален пораз ќе значи и речиси сигурен отказ за поранешниот тренер на Јувентус.

Во лондонскиот клуб се загрижени дека не само што не е извршена посакуваната „шок-терапија“ во тимот, туку атмосферата е уште полоша отколку во времето на Франк, па сериозно размислуваат за нова тренерска смена со која би спречиле Тотенхем уште повеќе да падне на табелата.

Останува да го сочекаме најпрвин дуелот со Палас, а потоа и реакцијата на челниците на „спарси“, кои дефинитивно се „способни“ да сменат тренер за помалку од еден месец откако го довеле во клубот.

Се вчитува...