Лесор ја отвори душата: Еве зошто толку многу го сакам Партизан…

Матијас Лесор ја остави зад себе тешката повреда заработена ланската сезона, по што францускиот центар е многу блиску до камбек на кошаркарските терени.

Тој веќе почна со тимски тренинзи, неизвесно е дали ќе биде ризикуван за големото евролигашко дерби со Олимпијакос, но јасно е дека Лесор во најскоро време повторно ќе го видиме во зелено-белиот дрес.

Тој во последното интервју дадено за грчките медиуми говореше на различни теми, меѓу другото и за авантурата во Партизан што го лансираше како еден од најдобрите евролигашки центри.

„Ќе ви откријам зошто толку многу го сакам Партизан… Затоа што таму за првпат во кариерата почувствував дека светот  ме прифаќа таков каков што сум и што нудам. Ја сакаа мојата лудост на теренот, начинот на кој се однесував, мојот дух. Чувствував дека ме ценат на теренот и надвор од него. А кога јас ќе видам дека некој верува во мене, сакам да му се оддолжам десеткратно повеќе. Затоа засекогаш ќе ја имам таа врска со Партизан“, прокоментира Матијас Лесор.

Се вчитува...