Пад од две места за кошаркарската репрезентација на ФИБА листата

Македонската кошаркаркарска репрезентација е на 62. место на најновата ФИБА ранг листа објавена денеска.

По двата квалификациски дуели, националниот тим има пад од две позиции во однос на претходното рангирање, сега со 220 бода на 62. место.

Водечки на листата се САД, пред Германија и Србија, а понатаму следат Франција, Канада, Австралија, Шпанија, Аргентина, Литванија и Бразил во Топ 10.

Се вчитува...