Неверојатен натпревар одиграа Магдебург и Барселона во Лигата на шампионите, откако победникот беше решен во последните минути, кога „Каталонците“ ги оставија буквално на „нула“ Германците, и дадоа седум голови во низа за конечен триумф од 29-36.
Мечот беше резултатска вртелешка, двата тима се менуваа во предноста, и никој не „избега“ повеќе од три голови. Во вториот дел главно водеше Барселона, но не повеќе од два гола. И кога се чинеше дека ќе има драма, во миговите кога резултатот беше 29-29, Барселона постигна неверојатни седум голови, а домаќинот ниту еден за конечна победа.
Алеикс Гомез од Барса и Феликс Клар од Магдебург со по седум голови беа најефикасни.
Слично сценарио имаше и мечот помеѓу Нант и Веспрем, со тоа што овој заврши во корист на домаќините, но „потесно“ – 33-31. 29-31 беше во финишот за Веспрем, и кога се чинеше дека ја имаат контролата, серија од четири гола за домашната екипа, со која славеше триумф.
Седум голови постигна Одриозола кај Нант, додека исто толку кај Веспрем постигна Хешам Елсахед Мохам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

