Денвер Нагетс ги победи Лос Анџелес Лејкерс со 120-113, во меч во кој српскиот ас Никола Јокиќ повторно беше во центарот на вниманието, со нов трипл-дабл.
Јокиќ го заврши натпреварот со 28 поени, 12 скока и 13 асистенции, што е негов 23-ти трипл-дабл во сезоната, и со тоа надомести девет изгубени топки.
Заедно со него, исто така, Џамал Мареј се истакна со 28 поени, па Нагетс постигнаа учинок од 39–24 и ја одржаа предноста пред Лејкерс (37–25) во исклучително изедначена трка во Западната конференција.
JOKIĆ SCORES WITH 22.3 LEFT TO SEAL IT IN DENVER! 🚨
Another Joker masterpiece: 28 PTS, 12 REB, 13 AST.
His 23rd triple-double of the season. pic.twitter.com/eDB01ndlqB
— NBA (@NBA) March 6, 2026
Од друга страна, вечерта беше историска за Леброн Џејмс, кој го постигна 15.838 поен од игра во текот на во кариерата и со тоа го сруши рекордот на легендарниот Карим Абдул-Џабар.
Сепак, рекордот не беше доволен за неговиот тим да избегне пораз. Џејмс го заврши натпреварот со 16 поени, додека најефикасен за Лејкерси беше Лука Дончиќ со 27 поени.
Лејкерси имаа и проблеми – центарот Деандре Ајтон го напушти натпреварот во првото полувреме поради повреда на коленото и не се врати на теренот.
На крајот, Дончиќ ја доби својата 15-та техничка грешка во сезоната, па во случај на уште една, автоматски ќе биде суспендиран на еден натпревар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

