Македонскиот карате мајстор др. Дејан Недев 7 дан, од 6 до 9 март 2026 година ќе одржи карате семинар во Лондон, Англија. На семинарот ќе учествуваат каратисти од повеќе клубови, кои ќе имаат можност да ги усовршат техниките во традиционалното карате преку тренинзи, кати, бункаи, фукуго, енбу и кумите.
Семинарот ќе биде одлична можност за размена на искуства и унапредување на карате знаењето, а се очекува присуство на голем број каратисти и тренери од Велика Британија и други земји.
Недев е долгогодишен карате инструктор и интернационален предавач, кој често одржува семинари и обуки во повеќе држави ширум светот, промовирајќи го традиционалното карате. Тој во моментов е лидер на ИТКФ и ЕТКФ. Со почит МТКФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

