Е. Пелистер одигра фантастичен натпревар во Лигата на шампионите и пред свои навивачи во Битола успеа да освои бод 34-34 против Пари Сен Жермен и тоа во неверојатна трилер завршница.
Феноменален натпревар одигра капитенот на битолчани, Филип Кузмановски кој мечот го заврши со десет погодоци.
Токму оваа партија му донесе место во најдобриот тим на 13. рунда во елитното натпреварување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

