Легендарниот некогашен голман, а сега функционер во Фудбалската федерација на Италија, Џанлуиџи Буфон, се закани дека ќе си замине од репрезентацијата на „Аѕурите“ ако не се пласираат на Светското првенство.
Италија за 20 дена ја очекува бараж за пласман на Мундијалот против Северна Ирска, а потоа ако пројдат, ќе играат со победникот од дуелот БиХ и Велс.
„Азурите“ се сметаат за фаворити, но последен пат учествуваа на Мундијалот во 2014 година, додека ги пропуштија последните два во 2018 и во 2022 година.
„Ако Италија не се пласира на Светското првенство, потврдувам дека ќе поднесам оставка. Јас сум прв кој ќе преземе одговорност. Ќе ги спакувам работите и ќе си заминам дома. Дали е тоа проблем? Какво е тоа размислување? Оваа работа ме излудува. Никој не се обидува да разбере дали е некој професионалец, дали има вистински вредности и за што е способен“, изјави Буфон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

