Димитријевиќ и Баерн ја изненадија Црвена Звезда во Белград

Ненад Димитријевиќ и Баерн Минхен се вратија на победнички патеки во Евролигата, на гостински терен во Белград земајќи го скалпот на Црвена Звезда со голем триумф од 80-85.

Откако претрпеа порази во последните две рунди, кошаркарите на баварскиот гигант вечерва одиграа перфектен меч во вжештената атмосфера во белградска „Арена“, на крајот заслужено радувајќи се на победата.

Димитријевиќ беше беспрекорен во првото полувреме што македонскиот плејмејкер го одигра перфектно, а неговиот тим во голем дел имаше и двоцифрена предност, на одмор заминувајќи со 43-50. Црвена Звезда со агресивна одбрана успеа да се врати во мечот, а во неизвесна завршница поумешни беа избраниците на Светислав Пешиќ, кои ја добија последната четвртина со 10-13 и стигнаа до голема победа.

Димитријевиќ имаше 11 поени, 4 скока и 4 асистенции, но и 6 загубени топки (голем дел од нив во второто полувреме), најефикасен кај Баерн беше Обст со 16 поени, додека на Црвена Звезда не и помогна ниту одличното издание на Чима Монеке, кој реализираше 22 поени, но имаше и две промашени слободни фрлања на помалку од триесет секунди до крајот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...