Реал Мадрид едвај ја совлада Селта во Виго, и така остана во трка со Барселона за титулата во Ла Лига. „Кралевите“ многу се намачија во пресметката во Виго, а дојдоа до победата дури во петтата минута од судиското надополнување со среќен гол на Валверде.
Уругваецот шутираше од 20 метри, топката закачи еден од одбранбените играчи на Селта, и заврши во мрежата, на општо разочарување на домашната публика.
Тренерот на Реал, Алваро Арбелоа истакна задоволство од играта на својот тим, и од вербата дека може да дојдат до победа.
„Игравме да победиме, како што секогаш прави Реал. Се уште имаме долг пат пред нас, но можеме да освоиме уште многу бодови. Секој меч до крај ќе биде битка. Заслужуваме пофалби за овој настап. Се надевам дека оваа победа ќе ја паметиме ако ја освоиме Ла Лига. Не поставува на пат кој секогаш сакаме да го следиме. Ова е Реал Мадрид – тим кој верува и кој се бори до крај. Се надевам дека овој меч ќе ни биде пресвртница“, изјави Арбелоа.
Тешката победа доаѓа после двата изненадувачки порази на „кралевите“, со кои го загубија првото место на табелата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

