Борусија Дортмунд останува без главниот плејмејкер, заминува на лето како слободен

Играчот од средниот ред на Борусија Дортмунд, Јулијан Брант ќе си замине од клубот на крајот од сезоната, потврдено е вечерва од страна на клубот. Двете страни не успеаја да се договорат за продолување на договорот, и тој ќе си оди како слободен агент.

Брант сакал нов предизвик, и затоа не се согласил на продолжување на соработката. Негова следна дестинација најверојатно ќе биде Премиерлигата, откако Астон Вила е заинтересирана за неговиот потпис.

Германскиот фудбалер во 2019 година дојде во Дортмунд од Баер Леверкузен за сума од 25 милиони евра. Претходно беше во младинските категории на Волфсбург.

Се вчитува...