Наковски Волеј се врати на победнички патеки, Јанта му се реваншираше на Младост УГД

По првиот пораз во сезоната минатиот викенд одбојкарите на Наковски Волеј експресно се вратија во победнички ритам и во дуелот од првото место на табелата против Работнички Скопје со убедливи 3-0.

Шампионот Јанта Волеј со голема борба во пет сета го победи Младост УГД во второто дерби од ова коло. Триумфот не беше важен само во тракта по бодови, истовремено одбојкарките на Јанта се реваншираа за елиминацијата од Купот на ОФМ 2026 пред три дена во меч траеше безмалку три часа

Во скопското соочување Газели Волеј со пресврт стигнаа до победа од 3-1 над Вардар ЕМ, додека со истиот резултат Струмица жени славеше на гостувањето кај Ускана.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 16. КОЛО
Јанта Волеј КБ – Младост УГД 3:2 (25:13,25:18,22:25,14:25,15:13)
Наковски Волеј – Работнички Скопје 3:0 (25:17,25:22,25:16)
Ускана – Струмица жени 1:3 (14:25,26:24,15:25,13:25)
Пелистер Волеј – Фит Фан Волеј 3:0 (26:24,25:15,25:16)
Вардар ЕМ – Газели Волеј 1:3 (25:20,21:25,14:25,19:25)

 

Се вчитува...