Атаман после новиот срам на ПАО: Во најлоша ситуација сме…

Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, изјави дека изненадувачкиот пораз против Ираклис не ги нарушува плановите на тимот.

48 часа по поразот во Евролигата против Олимпијакос, атинските „зелени“ беа поразени во домашното првенство по четврти пат, и тоа на место каде што малкумина очекуваа такво сценарио.

Ираклис славеше со 76-74 со поени во последната секунда, иако губеа со 29-50 на почетокот од третиот период.

„Денешниот пораз не нè чини ништо во однос на нашите цели. Сепак, претстојните натпревари што ќе ги играме во Евролигата се клучни за нашите цели. Ништо не се менува. Во најлоша ситуација сме, но имаме ментална и физичка способност да се вратиме на врвот по лош период. Имаме исклучително добар состав. Се надевам дека ќе го имаме на располагање и Матијас Лесор“, рече Атаман.

Се вчитува...