Мбапе и Белингам го пропуштаат првиот меч со Манчестер сити

Килијан Мбапе и Џуд Белингам најверојатно ќе го пропуштат првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

Реал Мадрид се подготвува за следниот натпревар, кој е против Манчестер Сити во осминафиналето на Лигата на шампионите. Иако се клуб со 15 освоени титули во ова натпреварување, моменталната ситуација не им е во прилог, а поради бројните повреди, многумина ја поставија улогата на аутсајдери во двомечот со Сити.

Најголемите проблеми за Реал Мадрид во моментов се повредите на Килијан Мбапе и Џуд Белингам. Првиот ги пропушти последните два натпревари поради повреда на коленото, додека Белингам се уште се опоравува од повредата на мускулот што ја заработи против Рајо Валјекано на почетокот на минатиот месец.

Иако тренерот Алваро Арбелоа е оптимист за враќањето на Мбапе и Белингам, според информациите од шпанските медиуми, двајцата нема да бидат подготвени за првиот натпревар против Манчестер Сити во среда.

Сепак, добрата вест е дека враќањето на двајцата не е далеку. Според изворите, се очекува Мбапе и Белингам да започнат со тренинзи следната недела, а планот е двајцата да добијат зелено светло од докторите и да бидат подготвени за реваншот против Сити на 17. март на „Етихад“.

Се вчитува...