Трагедија: Турски тренер почина на аеродром во Истанбул

Турскиот тренер Енгин Фират, почина на 55-годишна возраст на аеродромот во Истанбул како последица на срцев удар. Фират се враќал од Беујрут во својот роден град, но ненадејно му се слошило откако слетал во Турција.

Фират во моментот на смртта ја извршуваше функцијата тренер на Немџех во Либан, а во минатото работел во многу екипи. Бил и во соседството, како спортски директор во Влазнија, а беше селектор на Молдавија и на Кенија, ги водеше Ерчијеспор, Сепахан, Саипа, Инчеон, беше асистент во Самсунспор, Анталијаспор, Ајнтрахт Франкфурт, Фенербахче, Ален, Инчеон, Сиваспор, во селекцијата на Иран.

Сите екипи, меѓу кои и турската федерација испратија пораки за сочувство до семејството на починатиот тренер.

Се вчитува...