Хрватскиот тренер Игор Тудор стигна во Тотенхем да го спасува од најлошото, но засега многу тешко му оди на Хрватот, со оглед дека претрпе три порази во Премиерлигата, а вчера беше поразен и од Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите.
Со тоа Тудор се запиша на негативната страна на историјата на англискиот клуб, откако е првиот менаџер кој ги загуби сите четири натпревари на стартот од својот мандат. Досега на ниту еден тренер му се нема случено вакво нешто.
Хрватот дојде на местото на Томас Франк, и дебитираше во поразот од Арсенал 1-4, а потоа неговиот тим загуби и од Фулам 2-1, и од Кристал Палас 1-3, а вчера претрпе тежок пораз и од Атлетико со 5-2, откако за само 22 минути, Атлетико постигна четири голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

