Фудбалерите на Реал Мадрид славеа со 3-0 против премиерлигашот Манчестер сити во првиот натпревар од најатрактивниот двомеч во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Херој за „кралевите“ беше неверојатниот Федерико Валверде кој беше стрелец на трите гола. Уругвајскиот репрезентативец донесе водство за својот тим во 20. минута од 1-0, додека на 2-0 зголеми во 27. минута. 3-0 беше во 41. минута со третиот гол на неверојатниот Уругваец.
Во второто полувреме домаќините можеа да победат и поубедливо, но Винициус Жуниор промаши пенал во 57. минута.
Real Madrid [3] – 0 Manchester City – Federico Valverde 42'
byu/ayoefico insoccer
Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен славеше со 5-2 на домашен терен против Челси. Водство за „светците“ од 1-0 донесе Баркола во 10. минута, додека на 1-1 израмни Мајо Густо во 28. минута. Ново водство за домаќините донесе Дембеле во 40. минута (2-1). Енцо Фернандес израмни на 2-2 во 57. минута, по што следеа два гола на парижаните (Витиња,Кварскелија на двапати) за конечен триумф од 5-2.
PSG [4] – 2 Chelsea – Khvicha Kvaratskhelia Great-goal 86'
byu/Alsace2025 insoccer
БОДО Глимт продолжува да биде сензација во Европа откако славеше со 3-0 против Спортинг Лисабон. Фет од пенал во 32. минута донесе водство од 1-0, додека на 2-0 зголеми Бломберг во 46. минута. Конечните 3-0 беа дело на Каспер Хог во 71. минута.
Bodoe/Glimt [3] – 0 Sporting – Kasper Høgh 71'
byu/ayoefico insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

