Анри контра Артета: Не можеш со овие играчи да играш како Стоук

Арсенал чекори кон титулата во Премиер-лигата, беше првопласиран по првата фаза и во Лигата на Шампионите,  но се поголем е бројот на стручњаците и аналитичарите кои гласно го критикуваат Микел Артета поради премногу дефанзивниот пристап во играта.

Неочекувано, на листата критичари се најде и клупската легенда Тиери Анри, кој по синоќешното реми со Баер Леверкузен отворено говореше за разочарувањето од тактичките замисли на стратегот на „топчиите“.

„Пред се сакам да биде јасно, го сакам Арсенал, тоа сите го знаат… но морам да бидам искрен…. Ако планот на Микел Артета е секоја недела да игра со тактиката „да добиеме корнер и да се молиме“, тогаш навистина имаме проблем. Кога јас играв за Арсенал, напаѓавме, ја баравме топката, одевме кон шеснаесетникот и се обидувавме да дадеме гол. Сега го гледам Арсенал и имам впечаток дека сите само го чекаат следниот корнер или слободен удар. Не ми се допаѓа, не може да имаш толку талентирани фудбалери во тимот и да играш како Стоук во времето на Тони Пулис“, гласен беше во критиките Тиери Анри.

Се вчитува...