Арбелоа горд: Никој не смее да го отпише Реал Мадрид

Реал Мадрид одигра одличен меч и го декласираше Манчестер Сити со 3-0, а Алваро Арбелоа не го криеше задоволството по добиената тактичка битка со Ерлинг Халанд.

„Подобро отколку што сите очекуваа, зарем не? Среќен сум за моите играчи, како и за сите навивачи на Бернабеу, кои уживаа во оваа голема победа. Јасно е дека однадвор немаше преголема доверба во нашиот тим, но ние верувавме во нас самите. Ние сме Реал Мадрид, никој никогаш не смее да го отпише Реал“, прокоментира Арбелоа.

Потоа тој кратко опиша и како се подготвил тактички за да го запре нападот на Манчестер Сити.

„Знаевме многу добро како игра Сити, на што инсистира Пеп Гвардиола на вакви натпревари. Им ги затворивме линиите на додавање, знаевме дека не смееме да им оставиме простор, затоа и не игравме толку високо во последната линија, затоа што ако си предалеку од својот гол тие ќе најдат начин да ја протнат топката зад вас. Знаевме дека можеме да ги казниме ако ја имаме топката во наш посед, го сторивме токму тоа“, задоволен беше стратегот на Реал Мадрид.

Се вчитува...