Ѓоковиќ запрен од бранителот на трофејот во Индијан Велс

Новак Ѓоковиќ најавуваше атак на трофејот на Мастерс-турнирот во Индијан Велс, но српскиот тенисер стигна само до осминафиналето каде рано утрово беше поразен од Џек Дрејпер.

Британскиот тенисер кој воедно е и бранител на трофејот на овој турнир одигра одлично во маратонскиот дуел со српскиот ветеран, на крајот успевајќи да слави во тајбрејкот од третиот сет. Ѓоковиќ почна поквалитетно и го доби првиот сет со 6-4, но Дрејпер возврати со иста мера, добивајќи го вториот сет со идентичен резултат.

Во третиот се играше егал, а во тајбрејкот Ѓоковиќ се врати од 1-3, поведе со 4-3, но Дрејпер го зададе конечниот удар, користејќи ја првата меч топка за 5-7.

Следен противник на британскиот тенисер ќе биде Данил Медведев.

Се вчитува...