Јувентус во клучниот дел од сезоната ќе биде посилен за Душан Влаховиќ, кој ги надмина проблемите со тешката повреда на мускулот и конечно му се стави на располагање на тренерот Лучијано Спалети.
Српскиот ас последен пат настапи за Јуве на 29 ноември 2025 против Калјари, а веднаш по повредата стана очигледно дека проблемот е сериозен. Голгетерот успешно ја мина рехабилитациската програма, во последните десетина дена тренираше со екипата, а вчера за првпат издржа цел тренинг под водство на Лучијано Спалети.
Лекарскиот тим даде зелено светло, Влаховиќ може да се врати на терените и се очекува тој да се најде на списокот на патници за гостувањето против Удинезе, меч на кој тој би можел и да одигра десетина минути.
Душан Влаховиќ сезонава одигра 17 средби за „старата дама“ во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи шест гола и две асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

