Американскиот кошаркар Двајт Хауард одлучи да ја заврши својата богата кариера и да се пензионира. Поранешниот освојувач на златен престен во НБА и Олимписките игри преку соопштение за медиумите ги информираше своите фанови и кошаркарската заедница дека одлучил да ги закачи патиките и да се посвети на хуманитарна работа.
Во својата кариера Хауард играше за Орландо, ЛА Лејкерс, Хјустон, Атланта, Шарлот, Вашингтон, Филаделфија и Таојуан Леопардс.
„Се разбудив денес, на 12-ти овој месец, и сфатив дека е време да се збогувам со Супермен! Јас не сум Супермен… Плачам! Се борам! Се чувствувам како сите други. И покрај лагите, медиумите и омразата, сè уште покажувам љубов и се смеам и низ бура. Но, сега се соблекувам и се повлекувам од кошарката за да се посветам на моето семејство и да им помагам на заедниците низ целиот свет. Знам дека некои од вас ќе мислат дека веќе сум во пензија, но не сум… Играта ме пензионираше! Сè уште имав што да дадам! Вистина е дека играв професионално 20 години и благодарен сум што можам да го кажам тоа, но не можам да лажам кога гледам други играчи како сè уште играат на 40-годишна возраст, тоа ме инспирира да се обидам малку повеќе. Но, сега верувам дека е моја должност да го пренесам сето тоа на следната генерација. Затоа, им благодарам на сите мои обожаватели и луѓе што ме поддржуваа за време на ова патување. Ве сакам и ве ценам од дното на моето срце, бидејќи без вас немаше да постојам ниту јас“, напипа Хауард.
Хауард го доби надимакот „Супермен“ откако на натпреварот во забивање на „Ол Старот“, се појави со костим на овој херој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

