Поранешната голманка на Арсенал и на Челси, Ејми Кар почина на 35-годишна возраст од тумор на мозокот. Кар играше и за женските младински селекции на Англија, а освен за лондонските гиганти, настапуваше и за Ридинг.
На Кар во 2015 година и беше дијагностициран тумор на мозокот од висок стадиум. Но, во 2024 година го истрча маратонот во Даблин, Ирска за да собере пари за истражување на тумори на мозок. Таа собра 28.718 фунти да помогне во финансирањето на ова истражување.
Кар во 2015 година видела пајак, и се онесвестила, по што заминала на магнетна резонанца и и бил откриен тумор „со големина на топка за голф“. Потоа во рок од 18 месеци уште еднаш загубила свест во фитнес центар.
И била направена операција за да се отстрани поголем дел од туморот, по што не можела да оди ниту да зборува осум дена. Примала комбинирана радиотерапија и хемотерапија, и успала да се врати со трчањето на маратон.
Екс голманката бранеше за младинските селекции на Англија 16 пати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

