Иран одговори на предупредувањето на Доналд Трамп кој кажа дека не е соодветно оваа селекција да биде на Светското првенство поради безбедност. Иранците се пред откажување на учество на Мундијалот поради воениот конфликт, односно нападот на САД заедно со Израел врз Иран.
Иранскиот министер за спорт во средата изјави дека „под никакви околности“ тимот не може да учествува на Светското првенство, и покрај инсистирањето на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, дека Трамп ќе ги „пречека“. Сепак, американскиот претседател подоцна изјави дека Иран не треба да патува на турнирот „заради сопствениот живот и безбедност“.
Иранската држава му врати на Трамп со своја изјава, велејќи дека „не можат да бидат отстранети“ од турнирот. „Светското првенство е историски и меѓународен настан, а негов организатор е ФИФА – а не која било поединечна земја“, се вели во соопштението.
„Иранската репрезентација се квалификуваше на турнирот со авторитет и со победи, и стана една од првите екипи која обезбеди учество на Мундијалот. Секако, никој не може да ја елиминира иранската репрезентација од Светското првенство. Наместо тоа, земјата домаќин треба да биде елиминирана, затоа што нема можност да гарантира безбедност на екипите кои учествуваат на овој настан“, стои во соопштението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

