Атлетико „вади“ 35 милиони евра за алжирскиот „дијамант“

Атлетико Мадрид на крајот на сезоната може да остане без Антоан Гризман, а неколку екипи „гризат“ и за Хулијан Алварез, и прашање е дали ќе остане во Мадрид. Затоа Диего Симеоне се подготвува да го засили офанзивниот дел од екипата.

Според информациите од Шпанија, Атлетико подготвува понуда за 20-годишниот алжирски репрезентативец Ибрахим Маза. Овој фудбалер пружа одлични партии во Баер Леверкузен, а од шпанскиот тим стравуваат дека неговата цена би можела да порасне двојно после Мундијалот.

Оваа сезона Маза во 33 меча постигна четири гола и запиша пест асистенции. Може да игра како централен играч за врска, офанзивен играч за врска, дури и крилен фудбалер.

Истите извори наведуваат дека Атлетико е подготвен да даде 35 милиони евра, но Леверкузен бара 10 милиони повеќе.

Се вчитува...