После Јулијан Брант, кој најави дека ќе си замине по завршувањето на сезоната и тоа како слободен играч, уште двајца фудбалери се решија на таков чекор.
Станува збор за стоперот Никлас Зиле и за играчот од средниот ред Салих Озџан. На двајцата договорите им се до 30 јуни 2026 година. Клубот и играчите постигнаа взаемен договор да не ја продолжат соработката.
Оваа година 30-годишниот Зиле одигра девет меча во Бундеслигата, додека Озџан беше дел од само седум натпревари. Тој беше на позајмица во Келн, но поради многуте повреди, Борусија се одлучи да ја прекине позајмицата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

